Поддршката на вашето ментално здравје честопати може да звучи престрашно и многу комплицирано, поготово поради стигмите коишто кружат во нашето општество за тоа што точно претставува менталното здравје.
Но, сметам дека многумина не се ни свесни за улогата на менталното здравје за поубав и посреќен живот.
Во оваа епизода ми се придружува мојот личен тренер, Елена Џебр, магистер по психологија, но истовремено и мајка, којашто и од личен, но и од стучен аспект зборува за улогата на менталното здравје, стресот и возмениреноста.
Како да ги препознаеме нашите тригери. Но и практични совети како да се справите со истите.
Зошто да инвестирате во вашето ментално здравје и зошто е тоа многу важно за целото семејство
Се надеваме дека со оваа епизода ќе ве поттикнеме да размислите за вас, вашето здравје, и што е она што можете уште веднаш да го направите за да го подобрите истото.
Повелете тука линк до профилот на Елена.