Како што се наближува вториот роденден на Ема, така јас се повеќе станувам сентиментална и постојано се навраќам на периодот кога Ема беше само бебе и некако се прашувам кога и како ми порасна бебето. Мислам дека ова е толку нормално и вообичаено за една мајка да мајчинството не би било мајчинство без тоа.
Но од друга страна СЕ РАДУВАМ и сум ПРЕБЛАГОДАРНА за секој момент поминат со неа.
Јас сум една од оние мајки кои што сакаат целосно да уживаат во мајчинството. За да го постигнам тоа секогаш сум ЗА производи кои ќе ми го олеснат животот и намалат стресот и буквално ќе ми заштедат време кое потоа можам да го поминам со ќеркичката!
Но сепак сметам дека треба да бидам рационална и разумна кога станува збор за трошење на финансии, поготово во време на пандемија, па затоа преферирам да потрошам можеби повеќе на еден производ и животот да ми се олесни, отколку да потрошам илјадници денари на други производи коишто само ќе ми го зголемат стресот, а нема да ја завршат работата.
Јас апсолутно верувам дека секое бебе и секое семејство е толку уникатно и секогаш има специфични потреби, и она што можеби функционира за едните нема да функционаира за другите.
Ова се оние 10 работи коишто јас до ден денес ги користам и коишто ми го имаат олеснето животот и мајчинството бескрајно многу и сметам дека треба да се спомнат.
- SmartGrow 7во1 креветчето
Дефинитивно мене сонот ми е една од најбитните работи за да можам да функционирам како што треба во текот на целиот ден, и тоа подразбира квалитетен сон без многу клоцање и непосакувани удари во главата и низ целото тело ?, а од друга страна па ми беше битно да е едно креветче и да не го менуваме многу, многу за потребите на детето. Доколку сеуште не сте мајка, а го читате ова, или пак имате бебе коешто е новороденче, само сакам да напоменам дека потребите на бебињата/децата се менуваат како што детето расте. Па така на почетокот треба некое помало креветче, па понатаму поголемо и поголемо, а со ова креветче токму тоа и го добив.
Искрено ова е број 1 продуктот од којшто не само јас, туку и многу други мајки се презадоволни. Доста е практично зошто може да се залепи до креветот, па да се оттурне по потреба. Да се зголеми како расте бебето, а и со самото тоа што има даска за пресоблекување е дополнителен плус.
Ема спие во него уште од прв ден, а уште малку ќе полни 2 години и дефинитивно ни е број 1 најискористен производ.
Ова е една од оние работи што мислам дека треба да доаѓа со секој пакет на породување во било која болница ?. Baby monitor дефинитивно е производ што ќе ви го олесни животот 100%.
Оној плач којшто ни е во главите постојано, некако како магично да исчезна откако инсталиравме камера преку којашто можам да ја набљудувам Ема.
Ние нашата ја купивме од Анхоч и работи преку мобилна апликација, од било и каде да сте. Дури и во друга земја. Линк до истата тука.
Има за мерење на температура во просториијата, white noises звуци, говор, снимање и сл. Треба интернет за да фунцкионира ама дефинтивно не троши многу интернет.
- Муслин прекривките за преповивање
Овој производ дефинитивно има повеќе намени и тоа до ден денес, поготово ако имате бебе коешто е родено сега или треба да се роди во пролетниот престоен период.
Многу е поинаква намената на големите муслин прекривки отколку на тетра пелените, и да и двете ви се потребни дефинитивно.
Ама муслин прекривките се многу помеки и се многу практични за преповивање на бебето за да научи убаво да спие уште од почетокот. Ако никогаш не сте истражиле нешто повеќе околку преповивање топло ви препорачувам, еве еден артикл на англиски којшто можете веднаш да го прочитате тука.
Во исто време се доста практични и при самиот подој или хранење со шише. Бебињата тогаш трошат доста енергија и сила и навистина многу се потат, и многу често поради тоа се исфрлаат на лицата. Јас после неколку месеци мачење со вруќаници, откако почнав да користам прекривка на раката при подој Ема престана да има вруќаници.
А да не спомнувам дека како прекривки се феноменални поради нивната големина. До ден денес ги користиме и јас лично сум презадоволна колку многу се употребени и искористени истите.
Некој да ми кажеше дека за едно бебе ќе имам толку многу облека, никогаш немаше да верувам. Сите тие преслатки комбинации заслужуваат свое место.
Ако и вие сте како мене, сакате да заштедите време и енергија на главното прашање што детето да облече, а сепак сакате дедето да ви е некако дотерано ?, и најбитно од се, сакате целата гардероба да ви е прегледна и на дофат тогаш топло советувам фиокар.
Нема ништо попрегледно од гардероба на дете во фиокар, а уште ако истата е убаво организирана и наместена така што веднаш се се гледа, и боја, и шара и принт тогаш се е прелесно и тој непотребен стрес се избегнува.
Нашиот фиокар е стар, можеби над 20 години, ама реставриран и изгледа преубаво.
Јас ги знам оние на Икеа коишто исто се одлични, а можете да ги најдете во некои од сајтовите коишто носат до дома од Икеа.
Ова ми го кажа една мајка којашто е цар кога станува збор за гаџети коишто значително го олеснуваат мајчинството. Искрено многу ми е криво што не ја послушав веднаш, туку го земавме коритово после цели 2 и пол месеци користење што се не.
Прво имавме едно огромно корито, коешто ни го зафаќаше целото купатило. На секое бањање искрено се килавевме да го испразниме (зошто не го собираше во вц, ја бањавме во дневна ??♀️). После купивме некое помало од локалната продавница и исто беше тотална утка. Ова барем беше помало ама навистина непрактично.
Самото носење во спална за да ја бањаме беше целосен промашај и никогаш повеќе мислам дека нема да го правиме тоа. А да не зборуваме за кога јас требаше сама да ја бањам. Хорор филм којшто немаше крај.
Затоа решив дека е крај, и морав да го земам тоа на Stokke. Во моментот кога го земавме се препородивме искрено. Ем се склопува како папка и секаде го собира во нашето помало вц, ем не морам да го кревам за да ја истурам водата – има чеп доле, ем Ема некако легна совршено во него и не морав да ја држам (седлото се купува одделно ама навистина многу вреди и врши работа). До ден денес коритото го користиме и Ема ужива да се бања во него. Го користевме и летово наместо базенче надвор на тераса. Дефинитивно многу вреди. Го има во Mother’s Care во Ramstore.
- Стерилизатор
Ако немате стерилизатор мислам дека мора под итно еден да набавите. Ама тоа губење на беспотребно време на вриење на водата, па попарување, па складирање на цуцли, на лажици, на шишиња и сл, можете да си го олесните и те како.
Да не зборуваме за горење и попарување на прсти. Навистина мислам дека не е хумано на моменти колку ме болело тоа.
Стерилизатор е дефинитивно спас. До година дена сигурно го користевме.
Нашиот беше на Chicco како на сликата, наследство ни беше, меѓутоа мислам дека секој ја врши работата.
Ако ме следите на инстаграм тогаш знаете колку многу имам зборувано за скокови во развој и нивното значење. Мене како мајка многу ми е битно да сум едуцирана и да знам што се случува со моето дете за да можам полесно да ја разберам и да комуницирам соодветно со неа.
Мислам дека тоа незнаење мене лично ме прави да се чувствувам послаба и понестабилна. Па така ако имате бебе од 6 месеци коешто константо преку ноќ плаче без престан и не знаете што му е, топло препорачувам да си ја симнете апликацијата The Wonder Weeks. Ја имате и на IPhone и на Android.
Таму имате многу убав следач за фазите низ коишто вашето дете поминува и многу убаво објаснето што точно му се случува и што учи сега.
Ама дефинитивно нема мајка која што не е многу задоволна од оваа апликација, барем јас лично не познавам таква.
Нема подобра инвестиција од знењето да бидеме искрени, поготово кога станува збор за едукација за нашите деца. Таа едукација секогаш се исплати. Таа едукација не прави посилни и ни ја дава таа самодоверба која што на секоја мајка и треба.
Кога веќе ги споменав скоковите во развој редно време е и да кажам што мене лично ми олеснуваше во периодите кога Ема беше бебе и поминуваше низ некој скок во развој ??♀️, тоа беше носењето во кенгур.
Додека детето не прооди сметам дека секоја мајка треба да поседува еден поквалитетен кенгур ако сака барем малку да биде послободна кога станува збор за движење и извршување на основни потреби како што е спремање на храна и јадење, можеби и од време на време посетување на тоалетот по потреба ?.
Ние имавме прво еден обичен кенгур, на Chicco мислам дека беше, од којшто рамењата ми отпаднаа да бидам искрена, за кичмата веќе не станува збор. Не беше воопшто практичен.
Ама откако го купивме овој навистина се се промени. Јас без никаков проблем ја шетав Ема со километри и за прв пат не чувствував никаква болка ниту во грбот ниту во рамениците.
Ние го земавме од Алиекспрес, ама навистина долго чекавме, но многу ми е драго дека конечно ги има кај нас прекрасните кенгури на Tula кај Oxymammy. Кенгурот е инвестиција којашто јас лично сметам дека многу може да се исплати, и е еден од оние производи коишто ќе се носат генерациски.
- The baby whisperer книгата
Искрено се додека не ја прочитав книгава појма немав која е улогата на книгите во родителството, немав појма колку многу всушност јас како мајка сум необразована и неинформирана и колку многу мојот страв доаѓа всушност од тоа незнаење.
Затоа најтопло ја препорачувам оваа книга на секој иден родител или на секој тазе родител.
Многу убаво се опфатени сите сегмети за раното детство на детето, поготово делот со грижата на секоја мајка, коешто сметам дека е клучно.
Времето поминато на едукација за родителството никогаш не е лошо поминато време и тоа секогаш се исплати.
Ама факт е дека ние родителите мораме да се образуваме кога станува збор за нашите деца се со цел да можеме да им овозможиме една здрава средина за растење и развивање, за да можеме да бидеме во тек со нивниот раст и развој и будно да го следиме истиот, за да можеме и ние самите да растеме и да се развиваме.
Зошто тоа е родителството, работа на самите себе си за подобра индина на нашите деца.
Ова се сите оние продукти што навистина сметам дека мене лично ми го олесија мајчинството и ми го намалија стресот и грижата на секојдневно ниво. И да бидам искрена сметам дека ако можеме на било каков начин да си го олесниме секојдневието тоа и треба да го направиме, зашто самото мајчинство понекогаш знае и те како да биде тешко.