Новогодишните празници се толку магично време за сите, а најмногу за најмалите. Подарувањето на подароци за нив е екстра посебно оваа сезона па затоа решив да напишам пост со предлог идеи коишто верувам можат да се искористат и за други пригоди. Никогаш доста од споделување вакви идеи.
Постов посакував да го напишам многу порано, но склоп на околноси не успеав но сепак решив да го напишам и верувам дека некому ќе му се најде ако не сега во иднина ? подобро покасно него ли никогаш.
Јас сум една од оние мајки коишто дефинитивно одбираат квалитет пред квантитет, и подобро една квалитетна играчка, отколку 10 други. Затоа и тука ќе ги најдете оние играчки за кои јас верувам дека се пред се безбедни и високо квалитетни, а и практични и нешто што децата ќе го сакаат и ќе си играат.
1. Мекани животни
Прв избор секако ми се плишаните животни како мајка на дете кое што ги обожува. Животните на Maileg се навистина посебни. Од материјали, до изработка, до приказна. Дефинитивно еден од брендовите кои мене лично ме остава без зборови кога се работи за играчки за деца. Па доколку сакате да подарите некому некоја мекана играчка дефинитивно ви препорачувам да ги погледнете сите животни на Maileg тука. Од големи зајчиња до мали глувчиња, дефинтивно има за секого нешто, а магијата и деталите ќе го освојат секое дете и само ќе ја развијат имагинацијата.
2. Улоги
Играњето на улоги е нешто што на децата природно им доаѓа и секое дете си има тенденција кон свои улоги. Ема ја обожава кујната што ја има и е дефинитивно една од најиграните играчки и истата можете да ја најдете тука. Во kidly.mk можете да најдете прекрасен избор на високо квалитетни играчки. Пример овој сет за правење чај или за некого кафе или пак овие тенџериња за готвење.
А за оние кои сакаат да градат или пак некакви алати оваа столарска маса е совршен подарок. Или пак овие прекрасни автомобили и нивните служби за итни случаеви.
Исто така за сите љубители на автомобили погледнете ги овие прекрасни автомобилски стази тука.
3. Сетови за јадење
Храната е едно нешто кое што секојдневно го конзумираат и мислам дека попрактичен подарок од овој не постои, поготово за мајка ? не само за дете. Па доколку сакате да подарите нешто поинакво на некое помало дете кое сеуште не толку си игра со играчки, ова е нешто што секоја мајка би ви била премногу благодарна.
Од лигавчиња, до силиконски тањири, до сетови за јадење, сите производи на Mushie се незаменливи и најквалитетни. Јас како мајка ги користам истите производи веќе повеќе од година ипол и дефинитивно немаат смрт, а за практичност да не зборуваме.
3. DIY и едукативни игри
Зимава и студениов период се совршени за сите оние едукативни игри, па дефинитивно мојот прв избор се DIY Kids. Оваа година го добивме новогодишниот сет и Ема го обожава. Имаат голем избор на едукативни diy игри за сите возрасти.
Магнетите се нешто што се апсолутно голем хит кај нас дома и едни од оние играчки кои траат и траат. Дефинитивно број 1 ни се оние од бајките кои можете да ги најдете тука. За сите љубители на диносауруси погледнете ги овие или пак за љубители на животни погледнете ги овие.
4. Книги
Највредниот подарок за секое семејство не само дете според мене е книга. Жално е што кај нас на македонски нема многу новогодишни книги. Една и единствена и омилена на Ема е книгата Сам Дома којашто многу случајно ја купив минатата година за неа. Јас ја земав од Литература но е издание на Топер па можеби и таму ќе ја најдете. Повелете линк од истата. На аглиски јазик конечно има во Kids&Co, линк тука. Мене лично омилена ми е Guess How Much I Love You. Мислам дека оваа книга е одличен подарок од мајка за дете за првата Нова Година или Божиќ. И секако да не го заборавиме Winnie the Pooh.
4. Лего коцки
Нема грешка во класика подарок, а лего коцките се дефинитивно едни од најкласичните подароци. Има за сечив стил и вкус и возраст најбитно од се.
Лани Ема подарок за Нова Година доби сет лего дупло, замокот со Ана и Елса и Олаф (многу важен карактер е он ?) и до ден денес го игра. Ние нашите лего ги земаме од Крш најчесто, но ги има и во Теа Колорс ги имам видено.
Мислам дека тука привршувам со овој пост.
Се надевам дека ќе е од помош колку толку постов, ако не за 2022 за некоја од идните години или прилики.
Ви благодарам многу.
Имајте прекрасен ден
М