Здраво на сите,
Конечно се решив дека е време за аудио запис. Во блиска иднина и подкаст. Се работи на случајот ☺️.
Сметам дека ваквиот вид на ширење на информации, на пораки, може да е доста покорисен за многумина.
Од причина што може истовремено да слушате додека чекате ред во банка. Додека готвите, чистите, спремате ручек. Но исто така е еден добар начин за подобро да ме запознаете мене. Мојот тон, начинот на кој што ги изговарам зборовите.
Знам дека е далеку од совршено, но искрено решив да пробам, сѐ со цел дека можеби за повеќе од вас ќе биде корисно. Па како одам понатаму ќе се трудам да е сѐ подобро и подобро.
Па слободно Play.
Инаку јас сум Моника Зец Медуњанин. Сопруга, мајка на едно прекрасно девојче Ема, која што мислам дека ја знаете. По професија сум графички дизајнер и илустратор. И навистина си ја обожавам работата. Професијата. Таа е огромен дел од мене. Храна за мене и мојата душа.
Уметноста мене лично ме прави среќна.
Откако станав мајка премногу се променив.
Мајчинството буквално ми ги отвори сите сетила. И можам да кажам дека ме направи многу посвесна личност. Личност која што гледа колку моите реакции, работите што јас ги правам, кажувам, влијаат врз луѓето околу мене. Колку влијаат врз мене.
Но пред сѐ, колку овој живот ни е еден и треба да го живееме само за нас. Само онака како што ние сакаме.
Тогаш решив дека е време да почнам нешто свое.
Нешто кое што мене ќе ме прави среќна и исполнета.
И тогаш конечно го отворив kids&co. Мал бизнис за родители и деца.
Секој производ е решение за некој проблем, потреба со која што некој родител се соочува. Иако секој од нас е посебен, уникатен, сепак многу од нас поминуваат и се соочуваат со истите проблеми.
Производи кои што го менуваат начинот на кој што родителите функционираат.
Производи кои што се изработени од најквалитетни (или само врвни) материјали, корисни за децата и родителите, и на крајот се фантастични за око.
Бизнис кој што нуди производи кои што имаат универзални вредности во кои што јас лично верувам.
Главната цел зошто го правам ова е да ја споделам мојата приказна, сѐ со цел дека можеби некому некаде ќе му дадам поинаква перспектива за нешто. Можеби некому некаде ќе му покажам преку својот пример дека тој проблем можеби има решение.
Сметам дека вистинските и правилните вредности меѓу луѓето полека се губат и искрено доколку повеќе се зборува за тоа, повеќе се дискутира за тоа, истите тие повторно ќе ја добијат својата вредност.
Во последно време многу работам на тоа да престанам да судам некому само поради тоа што е поразличен од мене. Поради тоа што има различни навики, различни интереси. И сметам дека тоа е една од клучните работи која што нам како општество ни фали. И дека ова е тоа за кое што многу треба да се зборува, да се освестуваме луѓето сами меѓу себе.
Да пробаме наместо да се осудуваме едни со други, прво да ги разбереме другите ЗОШТО тие работие ги прават на нивниот начин. Која е причината? Да ја препознаеме таа осуда. И истата осуда да ја претвориме во разбирање. Во сочувство. Во поддршка. Во љубезност.
Доколку повеќе се зборува за овие теми, овие проблеми, или вредности кај човекот, сметам дека многу повеќе ќе се освестуваме едни со други, и буквално ќе си помагаме. Сѐ со цел да нашите деца имаат подобро општество, подобра иднина.
Зошто промената почнува од самите нас.
Доколку некој има потреба да разговара со стручно лице, на било која тема, ќе ве замолам да ја исконтактирате Елена. Ова е нејзиниот Инстаграм профил.