Здраво и добредојде.
Пред се ти благодарам што си тука. Навистина мене лично премногу ми значи.
Откако станав мајка мојот свет целосно се промени. Мојот свет одеднаш доби скроз нова насока. Мајчинството ме поттикна за моја целосна трансформација.
Ме поттика да почнам поинаку да го гледам светот. Да почнам да размислувам што е она што јас го правам за себе и за другите околу себе.
Колку јас уживам во животот и го живеам во полна пареа.
Да почнам да работам на себе за да секој ден бидам подобра верзија на самата себе си.
Да почнам поинаку да ги толкувам работите.
Да бидам похрабра. Да ризикувам. Да се менувам а со тоа и да го менувам светот.
Мајчинството ме натера да отворам свој бизис се со цел да им ги донесам некои производи на другите мајки, за да и нивниот живот биде поубав. Полагоден.
Мајчинството исто тека ме натера да согледам дека е време за промени. Огромни.
И дека секоја промена почнува од самите себе. И дека таа промена е многу битно да ја шириме, се со цел и другите луѓе да научат нешто ново.
Зошто на крајот на денот се она што ние сега го правиме е за нашите деца. И како они ќе живеат понатаму. Во какво општество.
Како што јас научив многу од овој дигитален свет, како што јас до ден денес учам премногу од истиот, така сметам дека и јас можам да допринесам.
Како што мене некој ми вијаел и ми го променил животот на подобро, истото сакам и јас да го направам. Преку ширење на тоа мое искуство, на тие мои навики, на мои отркирија.
Ова овде е едно мое катче во целиот дигитален свет каде што сакам со вас да го споделам своето искуство