Уште во април месец, во екот на Ковид 19, низ Инстаграм ми се појавија вакви слични картички, картички за парови. И веднаш ми го привлекоа вниманието.
За жал, за истите немаше достава од Амазон, или од било која друга веб страна и затоа решив дека морам да ги направам истите.
И дека навистина би било убаво да се споделат со што е можно повеќе парови.
И од таа причина решив да направам едни, со мои илустрации, кои што ќе бидат достапни за сите и да ги споделам јавно со сите.
Откако ние, добивме дете, забележав дека времето за нас двајца е се помало и помало. И сфатив дека детето навистина многу не менува. И како поединци, и како пар.
Но исто така сфатив и дека мораме нешто да превземеме во врска со тоа. Дека мораме да дадеме максимален напор за да имаме време за нас двајцата. И искрено верувам доколку се поставиме ние двајца како приоритет, и си зададеме барем еден ден во неделата за нас двајца мислам дека многу работи ќе се променат.
Премногу време поминувавме на телефонот, едниот на една страна, другиот на друга страна. И тоа не води никаде.
Навистина ми недостигаа деновите каде што можевме со часови да комуницираме, на разни теми. Да навлегуваме од една во друга тема, и едноставно да комуницираме. Нешто што јас лично сметам дека многу парови го имаат заборавено, поготово со телефоните и социјалните медиуми. Луѓето несвено поминуваат часови на Инстаграм, притоа заборавајќи да поминат квалитетно време со парнерот.
Па со таа цел картичкиве ми беа нешто што МОРАВ да го имам. Нешто што мислам дека направи голема промена кај нас. Нешто што не поттикна да размислуваме, да комуницираме се повеќе и повеќе.
Не дека беа пресудни, но мислам дека ја донесоа очекуваната промена. Помалку време на телефоните, повеќе квалитетно време заедно.
Овие картички се надевам ќе ве поттикнат да почнете да разговарате со вашиот партнер повторно. Да почнете да ја планирате вашата иднина. Да почнете да се поддржувате повеќе еден со друг, и да ги правите работите кои што вистински ве прават среќни.
Затоа и одлучив дека овие картички треба да бидат достапни за секого, па од таа причина на овој линк можете да ги најдете во ПДФ форма која што можете било каде да си ја испечатите. Во овој документ имате 30 картички.
Доколку некој сака да си нарача истите да му бидат испечатени и доставени ќе ве замолам исконтактирајте ме на следниов линк.
Martina says
Prekrasni se!
monikazecblog says
Ти благодарам Мартина <3