Self Care или грижа за себеси е една од оние теми која што кај нас речиси и да не се зборува.
Една од оние теми која што дирекно е поврзана со нашето ментално здравје.
Послушајте ја најновата епизода на таа тема.
Многумина не се ни свесни што всушност претставува грижата за самите себе. Не можат да сфатат дека човекот треба да се вреднува себе си подеднакво како и другите.
Но тоа е така зошто ние, како општество, не сме научени на тоа. Ние сме учени дека треба да им помагаме на другите и да ги ставаме туѓите потреби пред нашите.
Но секој од нас има свои потреби. Емоционални, духовни, физички. И ако ние не ги задоволиме прво нашите како можеме да ги задоволуваме туѓите?
Во оваа епизода сакам да ве поттикнам да почнете да размислувата што всушност значи да се грижи човек за себе, и колку е тоа есенцијално за поквалитетен живот.
Ако не поради нас, тогаш поради нив. Нашите идни генерации.
Јас не сакам Ема да ја научам да ги става сите други пред себе, сакам да ја научам да се цени и сака себе си. Да се грижи за себе. А ако не преку личен пример тогаш како?
Навистина би ме интересирало вашето мислење за оваа тема. Споделете го вашето искуство.