Новата година е совршено време за нов почеток. А мислам дека во оваа на сите ни треба нов почеток повеќе од било кога.
Па од тука и новата епизода за подкастот.
Верувам дека за многумина изминатата година беше навистина тешка, и дека е тешко човек да се соочи со иднината, поготово после се она што се случи во 2020. Сите сме свесни дека иднината носи многу непознати работи и многу неизвесности.
Ако се чуствувате малку изгубено и не знаете од каде да почнете, а сте спремни за нов почеток ислушајте ја оваа епизода и дозволете ми да ви ја раскажам мојата приказна за тоа како јас решив да си ги поставам своите цели, планови за престојната година.
И никогаш не заборавајте вашиот живот е во ваши раце. Како го поминувате денот, неделата, месецот е апсолутно до вас. Вие ја имате силата да го живеете вашиот живот онака како што сакате, онака како што заслужувате.
Линкот до PDF документите https://cutt.ly/qjmlc4x.
Линкот до избор за збор за оваа година https://www.instagram.com/p/CJeqrSBg6z1/.