Спиењето кај децата е една од оние табу теми кај нас и сметам дека на оваа тема не се зборува многу од причина што многумина би биле осудувани. Но ако зборуваме јавно на оваа тема сметам дека многу мајки ќе можат да согледаат дека имаат и друг избор, избор којшто можат да го направат и којшто потенцијално може да им го промени животот.
Редно време е да почне да се зборува и да се почитува слободата на изборот на една мајка. Мајчинството е она што ние како мајки го правиме за нас, нашите деца, нашето семејство. И не мора мајката да страда за да биде мајка. Не мора мајката константно да биде лишена од сон само за да биде мајка.
Мене искрено не ме направи лоша мајка тоа што јас го согледав овој проблем, согледав колку многу мене лично ми пречи, и решив нешто да превземам. Мене не ме направи лоша мајка тоа што мене лично ми пречеше детето да ми се буди на секој час и тоа што мене ми пречеше детето мое да не спие по цели денови.
Бебето кое што има ред не е помалку сакано од она кое што се буди на секој час.
Тука не станува збор за љубовта на мајката, и дефинитивно сметам дека е апсурдно да се зборува или пак да се споредува љубовта на мајката спрема детето.
Но тука станува збор за она што значи една мајка да греши и да согледа како тие нејзини грешки директно му влијаат на тоа дете.
Тука станува збор колку ние мајките сме неедуцирани, колку никој не ни обрнува внимание на нам родителите. Што значи рутина, скок во развој, прозор на будност, креирање на атмосфера и сл. Зошто искрено никој не нѐ едуцира нас родителите на овие теми кога сите премногу влијаат врз целокупниот сон на целото семејство.
Но кога би ги знаеле овие работи навремено сметам дека многу семејства не би пателе толку многу кога станува збор за спиење.
Да дефинитивно тука не се работи за методата cry it out. Но се работи за воспоставување на рутина, навремено легнување навечер, внимавање на прозорот на будност, спиење на соодветно место и др. сѐ со цел да се подобри квалитетот на сонот кај бебињата. Нешто што мене лично никој не ми го кажа, не ми го објасни во периодите кога прашував како можам да ѝ помогнам на ќерка ми. Кога ќе ги слушнете сите овие работи, мислам дека ќе сфатите колку нештата имаат логика и се тесно поврзани едни со други, и доколку родителот, во овој случај мајката, се држи до нив навистина се ќе биде многу полесно.
Овој проблем за мене лично беше мојот прв wake up call. За прв пат увидов и сфатив колку моите постапки имаат директно влијание врз некого. Директно влијание врз развојот на Ема. Сфатив колку јас морам да се менувам, да растам и се развивам заедно со неа, зошто ако не го направам истото нема да можам да бидам во чекор со неа.
Сфатив колку родителството всушност бара огромна работа на самите себеси. Сфатив колку она што ние сме како родители, не само што нѐ обликува нас како личности, туку најважно, ги обликува нив, нашите деца, како луѓе во иднина.
Elena says
Браво Моника!
Многу ми е драго што го споделуваш твоето искусвто и што ми овозможуваш да научам нешто од него.
Ти благодарам ❤
monikazecblog says
Елена ти благодарам тебе на довербата. Премногу ми значи ❤