Летото е веќе во полн ек и верувам дека многумина веќе беа на својот летен одмор, но за оние коишто сеуште немаат отидено овој пост мислам дека може да им биде од корист. Поготово на оние коишто можеби одат прв пат со дете на одмор.
Нас ова ќе ни биде трет одмор со Ема па од некое досегашно мини искуство би сакала да споделам што е она што јас ќе го спакувам оваа година.
Со мислите веќе на плажа (физички присутна дома пред компјутер) би сакала да ја споделам мојата листа на сите оние работи коишто оваа година ќе се најдат во куферот на Ема.
- Костими за капење и очила
Ова нормално е најочигледното кога се оди на одмор нели :), меѓутоа оваа година за прв пат решив дека ќе и земам на Ема костим за капење со УВ заштита и јас лично се одлучив за моделите на Banz и според сите reviews што ги читав мислам дека тоа е тоа.
Но јас сум една од оние личности коишто пробуваат максимално да се заштитат од сонцето и УВ зраците и истото пробувам да го направам за моето дете.
Дете на возраст од 2 години, на кое што играта и е сѐ, сметам дека треба и те како да се заштите од сонце и негативното влијание коешто истото го има а, најдобар начин за тоа е со костими за капење со УВ заштита.
Каде што се костимите тука се и очилата, поготово за дете со светли очи.
Очитала на Banz, барем оние на Ема се преслатки и не се кршат лесно, па така што се најсоодветниот избор. Доаѓаат и со футрола којашто е преслатка.
- Прибор за јадење и прекривка
Иако одморот е место на коешто децата одат за да си играат и да уживаат и последно нешто што таму им е на ум е храна, сепак оваа година јас решив да одам подготвена со се она што Ема секојдневно го користи дома од прибор за јадење се со цел да избегнам грижа дали во хотелот или ресторанот ќе има соодветен прибор за неа, соодветна чаша, соодветен тањир. Да не направи многу лом случајно и сл.
Лани за жал не бев доволно опремена и поучена од тоа, оваа година апсолутно се ќе си носам од дома.
Поучена од лани, знам колку храната им е најмалку битна на одмор, затоа оваа година апсолутно нема воопшто да се грижам дали јаде и колку јаде. Во чашката за ужина секогаш ќе има спремно овошје или кога и да посака овошјето ќе и го спремам таму, се со цел истото да се изеде наместо да заврши во песокта.
Да не ја заборавиме и прекривката за сите оние дремки на плажа, во количка па дури и во соба. За сите оние прегратки после секое бањање.
- Играчки
Знаеме сите колку играчките се клучни за на плажа, за играње во песок, градење замоци. Конечно оваа година имавме прилика да ја добиеме оваа прекрасна силиконска кофичка на Bebebox и искрено едвај чекам да ја испробаме на плажа.
Заедно со кофичката оди и големата престилка на Sуница.
Сем стандард кофичи со животни и оваа година како и лани на Ема ќе и ги земам лего фигурите. Мислам дека се најсоодветни за игра макар и во песок и вода.
И за крај многу нормално без моментално омилените книги никаде не одиме.
Сани и Стела во овој период и се омилени и се задолжителни за вечерната рутина.
Најтопол совет, не носете премногу играчки на одмор. Децата знаат да се заиграат со едно гранче и едно шише. Стотици кофички и гребла и што се не им е тотално непотребно. Носете една до две работи колку да се најдат. Камчињата секогаш им се најдрагоцени играчки.
5. Крема за заштита и заштита од комарци
Дефинитивно и оваа година мој избор се производите на La Roche 50+. Ги наоѓам во локалната аптека и искрено сум презадоволна кога станува збор за дете изложено на сонце покрај вода.
Ги користам уште Ема кога имаше 3 месеци и ова ќе биде трето лето како истите ги користам и искрено сум презадоволна.
Никако да не заборавиме заштита од комарци. Спреј или што и да е.
Во локалната аптека побарајте нешто на природна база, имаат доста избор.
Наутро и навечер задолжително.
6. Лекарства
Покрај стандардните: сируп за температура, топломер, завој, ханзаплас, спреј за рани, Камагел крема за убоди, Јекодерм за изгореници, топло препорачувам во вашата подвижна аптека да додадете: чепчиња од вазелин, електролити без вкус, како и Флого маст за воспалена кожа.
Првата година со Ема имавме сериозен проблем со запек и искрено среќа што најдовме чепчиња блиску до нас. Да не беа тие мислам дека навистина ќе беше доста тешко и стресно и за неа и за нас како родители.
А електолитите знаат многу да помогнат, поготово на овие топлини каде што често сите знаеме да дехидрираме па дури и телесната температура да ни се покачи поради тоа.
Мислам дека речиси се набројав од она што јас оваа година ќе го спаувам за Ема. Се надевам колку толку ќе ви помогнам.
Уживајте ова лето и пробајте да бидете присутни во секој момент. Овие моменти со мали деца се толку кратки да дур трепнеме поминуваат.
Можеби ќе ви е тешко и рутината ќе ви се измести и нема да јаде ништо детето и нема да имате ни едно бањање раат, сепак пробајте да уживате и во тоа зошто тоа е толку моментално и нешто што многу брзо поминува.
Нашите лета со нив се толку ограничени да мислам дека после ќе ги бараме да дојдат со нас на одмор.
Има време за сите кафиња раат испиени, има време за сите бањања без 10000 пати да слушнеме МАМА и да ни се причинува дека некој плаче и не бара.
Променете ја вашата перспектива ова лето и вашите очекувања.
Само уживајте во моментот и градете спомени за цел живот.
Ви посакувам убаво лето ☀️