Јас верувам дека храната игра голема улога во сечив живот и има огромна моќ не само врз нашето физичко тело, туку и врз нашиот ум, нашите мисли, кожа, па и секојдневие.
Јас верувам во тоа дека храната ја има моќта да ја промени секоја клетка во човековото тело и многу е важно да и го дадеме потребното внимание.
Јас позитивното влијание на храната лично го почувстував пред повеќе од 12 години, кога бев во УСА на студентска програма и случајно работев во едно Juicy место, каде што работев исклучиво со здрава, термички необработена веганска храна. Бидејќи поголем дел од денот го поминував таму, таму и се хранев и искрено мнооогу научив тогаш за храната и во прво лице видов какво големо влијание може храната да има врз една личност. Егземата целосно ми исчезна, сила имав огромна повеќе од 12 часа на ден да активно работам. Умствено некако добив бистрина и некако се чувстував многу задоволна со себеси, исполнета и среќна. Тогаш можам да кажам дека навистина приметив огромни промени кај мене во однос на моето ментално здравје.
Да премотаме 12 години напред 😆 бремена со второ дете, нов живот носам во себе, повторно, по не знам кој пат ми се докажува погоре напишаното. Затоа и решив да споделам неколу идеи за оброци сега откако сум бремена зошто стварно мислам дека има дефицит на овие информации барем кај нас.
Јас сум личност што доста истражува и сакам да научам некои нови работи, и верувам дека храната не само што влијае врз мене туку во овие моменти и врз бебето, па ќе пробам да споделам на кратко што јас јадам во текот на еден ден.
Само да напоменам, пробувам да се хранам колку што можам поздраво, за мене тоа значи: свежо овошје и зеленчук, домашно зготвена храна, пробувам да не јадам процесирана храна (грицки, чипсови, смоки, чоколади, сокови газирани или сл. Храна која содржи адитивни, конзервазни или некои чудни состојки кои не ни можам да ги изговорам), пробувам да не јадам бело брашно, пробувам да не внесувам шеќери вештачки. Не е дека се придржувам 100%, но гледам да одам со сооднос 80-20. Односно да јадам 80% здраво, а 20% не толку здраво.
Пример: оваа бременост воопшто не ми се јаде сладолед, но доколку седнеме некаде фамилијарно да знам да нарачам и јас да јадам. Но дома ако баш ми се присака јадам од домашниот којшто често го имам со боровинки и грчки на пример.
На крајот на денот јас лично вака најдобро фунционирам. Мене ми е најубаво во денот кога на овој начин се хранам. Кога и да се најадам не знам пита или бурек после тоа навистина ми е тешко. Тешко до момент да не можам да станам од кревет, да ми се лоши и гади, да како некој да ми ја одзел силата и желбата за живот. Со ова сфаќам дека таа храна не е за мене и дека не ми прави ништо добро. Затоа и продбувам максимално да ја избегнувам колку можам.
Само да појаснам јас најчесто станувам пред 6 часот наутро. Прво пијам вода со лимон, или по ново вода, лимон и 2 лажици чиа. После тоа пијам цеден сок со зеленчуци и овошја што ги имам. Доркучкувам најдоцна до 8:30 часот. Ручам најдоцна до 13:00 часот. Помеѓу ручекот и вечерата имам ужинка зошто тогаш најмногу ме фаќа криза. Најчесто е овошје свежо. Некогаш гранола или смуди. И после заедно со моето семејство вечерам најдоцна до 17:30. После вечерата ретко јадам, но доколку ми бара организмот нешто гледам повторно да е овошје и најдоцна до 19:00 часот.
Да преминеме на оброците конечно ☺️
Доручек
- Тонус лепче намачкано со грчки јогурт или хумус домашен, авокадо, јајце, сирење, домат, краставица, пиперка.
- Гранола домашна (овесни снегулки, јачменови снегулки, агаве, ореви, ленено семе, ванила, цимет) со грчки јогурт и свежо овошје. Најчесто боровинки, малини, банана, праска. Се што е сезонско.
- Овесна каша (оставена да отстои преку ноќ) со овесно млеко, путер од лешник, агаве или мед, банана, боровинка, свежо сезонско овошје.
- Чиа пундинг исто со овесно млеко и свежо сезонско овошје.
- Омлет со зеленчук свеж и тонус лепче.
- Банана лепче со свежо овошје
Ручек
- Тонус лепче исто намачкано со нешто од горе наведеното и свеж зеленчук. Ако за појадок сум јадела благо, гранола или овесна каша за ручек јадам тонус лепче.
- Ако има остаток од претходниот ден како леќа, грашок, боранија или сл.
- Туна салата
- Шопска салата
- Остаток од вечерата од претходниот ден како чорба
- Тортиља
Вечера
- Риба и зеленчук. Може пире, брокула, тиквици. Обавезно свежа салата.
- Грашок, леќа, боранија, гравче, летна манџа, ориз.
- Тестенини. Најчесто од леќа фусли јадам со некаков сос од индински ореви или доматен сос. Како салата со свежа краставица и домат. Со туна. Често правам нудли од тиквици со печукри или некаков сос.
- Тортиљи од леќа исто или од хељда со хумус и свеж зеленчук.
- Чорба од брокула често правам со салата некаква.
Во глобала тоа е мислам дека се што сега овој период јадам за време на моето второ тромесечје. Внимавам доста на квалитетот на храната и што внесувам и што на моето тело му треба. Често се чувстувам дехидрирано и затоа доста пијам вода, вода со лимон, цеден сок секое утро, смуди или сл.
Сега на кратко ќе споделам идеи за 7 дена од моето мени што го јадам.
Ден прв:
Овесна каша со овесно млеко и свежо овојшје. Тортиља од хељда со хумус од цвеко и зеленчук. Овошје свежо. Нудли од тивкици со спанаќ, печурки и котич сирење.
Ден втори:
Лепче, салата со едно варено јајце+краставица+зачин таратур+2 лажици грчки+сусам, домати, рукола и свежо овојше. Тортиља од хељда со хумус од цвекло и зеленчук. Смуди. Грашок.
Ден трети:
Банана лепче со овошје. Крекер со хумус, домат и сирење. Овошје свежо. Чорба од брокула со туна салата.
Ден четврти:
Лепче со јајце, хумус од цвекло, свеж зеленчук. Чорба од брокула. Свежо овојше. Леќа.
Ден пети:
Авокадо тост со јајце и свеж зеленчук. Гранола. Свежо овојше. Лосос, пире и брокула и свежа салата.
Ден шести:
Гранола домашна со грчки јогурт, овошје свежо. Крекери со грчки јогурт, спанаќ, авокадо, домат и краставица. Овошје. Боранија.
Ден седми:
Овесна каша со овесно млеко и свежо овојшје. Шопска. Смуди. Пица од леќа (тортиљата од леќа само направена во пица)
Осми ден:
Омлет со зеленчук, лепче. Туна салата со спанаќ, пченка, краставица, урми и крекер. Фусли со фета, домат, краставица.
Мислам дека тоа е тоа. Се надевам ќе ви бидат делумно од корист овие работи.
Гледам да внесувам што е можно повеќе железо и протеин поради тоа што се наоѓам во второто тромесечје и тоа најмногу ми треба. Но и свежото овошје и зеленчук ми се задолжителни секој ден.
Ви благодарам што воопшто го прочитавте овој пост.
Имајте прекрасен ден
Моника