When I first started feeding my daughter by the BLW method, the very first recipes I did was the banana blueberry muffins.
I just love muffins, and I always wanted to make ones for Ema.
I read a lot of recipes online, tried a few ones, and I finally came up with the perfect ones for her, and for us as well.
These are the perfect muffins with the softest texture, with no added sugar that is perfect for those babies’ hands. They have all the nutrients that a baby needs such as iron in the whole wheat flour and in the egg, antioxidants, fiber, vitamins from the blueberries, an all-natural sweetener that’s from the banana.
So let me share that recipe
• 2 bananas
• 1 hand blueberries
• 1 cup of whole wheat flour
• 1/2 cup of coconut flour (optional)
• 1/4 cup olive oil
• 1 cup yogurt or milk
• 2 eggs
• 1 tbsp baking power
• 1 tbsp cinnamon (optional)
Step one
Preheat your oven to 200°C. Add your paper liners into the muffin pans.
Step two
Combine all the ingredients into a large bowl and mix with mixer until smooth. Scoop into the muffin pans.
Step three
Lower the over to 170°C, and pour the mixture into the paper liner. I usually bake them for 20 to 25 minutes even sometimes up to 30 minutes. I always check if they are ready with a toothpick. I insert a toothpick near the center of the muffin. If it’s free of batter it means that they are ready.
Мафини од банана и боровинки
Кога прв пат започнав да ја хранам ќерка ми според BLW методата, еден од првите рецепти кои што и го направив беа мафините од банана и боровинка.
Јас лично обожавам мафини и отсекогаш сум сакала да направам за Ема.
Прочитав доста рецепти онлине, пробав неколку, и на крај мислам дека самата дојдов до рецепт кој што најмногу мене, а и на неа и се допаѓа.
Овие мафини се доста меки. Идеални за малите дечиња кои што сакаат да се хранат сами. Немаат никакви додадени шеќери а се благи, одлични се за секое бебе па и поголеми деца. Ги содржат сите хранливи материи кое што на едно бебе му се потребни, како што е железо кое што го има во интегралното брашно и јајцето, антиоксидант , влакна. витамини кои што се содржат во боровинките и тие совршени шеќери кои што ги има бананата.
Па еве го рецептот
• 2 банани испасирани
• 1 шака боровинки може и замрзнати
• 1 чаша интегрално брашно
• 1/2 чаша кокосово брашно (по желба)
• 1/4 чаша маслиново масло
• 1 чаша јогурт
• 2 јајца
• 1 лажичка прашок за печиво
• 1 лажичка цимет (по желба)
Чекор бр. 1
Загрејте ја рерната на 200 Степени. Ставете ги хартиените корпи за мафини во калапите за мафини.
Чекор бр. 2
Ставете ги сите состојки во еден сад и миксирајте со мискер додека не се соединат сите состојки.
Чекор бр. 3
Истурете ја смесата во хартиените корпи и печете на 170 Степени. Мене ми се потребни од 20 до 25 минути, но понекогаш и 30 минути.
Секогаш ги проверувам дали се готови со чепкалка за заби. Ставете ја чепкалката во средина на еден мафин и извадете ја. Доколку нема залепено ништо на неа тогаш се готови.