As Ema started growing she started selecting more toys she is going to play with, and she completely ignored all the other ones.
She had this big Storage basket which was made from jute, where we fit in all her toys. But it was kind of difficult for her to get all her toys. And since she started standing on everything she started standing while holding into her, and it was quite unstable for her, and she would often get annoyed with that.
While we were in quarantine, I was searching for a cute and easy to use toy storage box for Ema but in my country, those are quite hard-to-find. So I was searching on Pinterest some cute DIY toy storage boxes and I found quite a few examples of these wooden baskets. So I’ve decided to make my own.
I already had the same type of basket, in which I kept potatoes and onions ?. So I just clean that up and went to the grocery store to buy some materials.
I did my YouTube research on how to paint something similar so I bought paint, one black and one white, natural for wood,
I got a roller. The paint strip to mark my box and a box where to mix the paints.
To be honest it was way much easier than I expected. And I was done in not more than 30min with everything. Here are the photos you can see all the steps.
Step 1
I put the tape on the box, where I want it to end.
Step 2
I mixed the colors. I used more white and a few drops of black since I wanted this nice and soft grey.
Step 3
I started painting with the roller. And that was it.
I painted once and I left it for 1h to dry. It was quite warm outside.
After that I added one more layer of paint.
I left if for several hours for the box to dry, as much as possible and I got back to it and continued with the ears.
I marked the ears with a pencil and I painted them with a regular thin brush. The ones the kids use it at school ☺️. I added another layer to the ears as well (as the whole box) and I left it to dry it overnight.
The other morning I finished the box.
I used some marker I had at home and I just draw the eyes and the nose.
I first used a pencil and just went over it with the marker.
“Направи сам” дрвена кутија за играчки
Како што Ема почна се повеќе да расте така почна и да ги селектира играчките со кои што си игра. И имаше одредени кои што во целост ги игнорираше.
До пред некое време имавме голема хартиена вреќа со играчки во која што и беа ставени сите играчки.
Но беше навистина непрактична за нас бидејќи тешко можеше да ги извади сите играчки, а и во последно време почна да се исправа и да стои на неа, а бидејќи не е стабилна ми беше страв да не падне.
Па додека траеше карантинов решив да направам мало истражување за попрактични кутии за играчки, но во нашата земја малку потешко се наоѓаат ваквите. А да не зборуваме за естетика.
Затоа побарав на Pinterest, направи сам кутии за играчи и пронајдов многу убави и доста интересни. Гледајќи наидов на дрвени кутии, и јас баш имав една таква. За жал во неа чував компири и кромид ?. Ја имавме купено од Меркур уште пред неколку месеци. Па решив истата да ја преобратам во кутија за Ема.
Направив истражување на YouTube, како да бојадисувам, отидов во продавница и купив се што ми е потребно. Боја за дрво, еколошка, бела и црна. Немаше во локалната продавница сива боја па затоа морав две различни за да ги измешам. Валјак за бојадисување. Трака која што се користи при кречење за да ја означам кутијата и четка обична која што дечињата ја користат во школо.
Да бидам искрена сето ова беше многу полесно за изработка отколку што очекував. Буквално бев готова за околу 30 минути.
Чекор бр. 1
Ја означив кутијата до каде сакам да ја бојадисувам со траката.
Чекор бр. 2
Ги помешав боите во еден сад. Користев доста повеќе бела боја затоа што сакав да имам светло сива кутија. И додадов неколку капки на црна.
Чекор бр. 3
Почнав да бојам со валјакот.
Прво ја бојадисав еднаш целата кутија. И ја оставив да се исуши. Со оглед дека беше навистина топло надвор за неколку часа кутијата беше сува.
Потоа нанесов уште еден слој од бојата.
Потоа повторно ја оставив неколку часа. Па ја тргнав траката и со молив исцртав каде сакам да ми бидат ушите. Со четката мала го обоив местото еднаш. Оставив 1 час да се исуши па нанесов уште еден слој.
Ја оставив преку ноќ за убаво да се исуши.
Следното утро со молив ги означив очите и носот, и со маркер тенок кој што го имав дома само ги поминав местата.