Една од најинтересните теми кога станува збор за бебиња е дефинитивно темата спиење. И би сакала да го споделам своето искуство на оваа тема, се со цел дека можеби некоја мајка би научила нешто ново што би и помогнало во целиот овој процес. Само сакам да напоменам дека секое дете е уникатно. Секоја мајка е уникатна. Невозможно е две деца да се исти. И тоа што фунцкионира за едното не значи дека ќе фунцкионира за другото. И нема погрешен или точен начин. Има начин кој што фунцкионира и за мајката и за детето. Јас го искажувам само она што функционираше за мене и Ема.И она што јас лично не го знаев, не бев свесна дека погрешно го правам. А сето тоа било многу битно за нејзино правилно спиење.
Само да појаснам јас користев Sleep traning, односно грубо кажано на македонски да го истренираш детето да спие.Но јас тоа не би го кажала така, туку воспоставување на рутини и навики и држење до нив без исклучок, неколку денови се со цел бебето да се научи како да спие, да ја стекне таа рутина.
Сакам да напоменам дека првите два месеци Ема беше најтешкото бебе. Бебе кое што постојано кенкаше. Бебе кое постојано сакаше да биде држено во раце и пак продолжуваше да кенка. Бебе кое што не спиеше подолго од 15мин никаде. Бебе кое што пробувало со мене да комуницира меѓутоа од мое незнање јас не ја разбирав. Бебе кое што постојано сакало да научи да спие ама не можело зошто мајка му, односно јас, не сум знаела како да го научи.
Ема немаше никаков ред. Не се знаеше кога јаде, кога спие, кога се бања и сл. Еден ден бањањето беше во 8 часот. Друг ден во 9. Трет во 10 и така натаму.Не се знаеше каде детето спие првиот месец. И мислам дека тоа доведе до најголема конфузија кај неа. Еднаш во релаксатор. Еднаш на спална. Во количка. Во раце. Во креветче.Се замислив како би ми било мене да некој ме заспива на сите овие различни места? Да немам константно кревет во кој што знам дека ќе спијам. А уште повеќе се замислив како би му било на бебе од 2 месеци кое што буквално за се се ослонува на мајката. Па не е ни чудо што била толку кенкава, што не сакала ни да спие подолго од 15 минути.
Но откако ја прочитав книгата која што неколку пати ја имам споделено The Baby Whisperer, увидов коооолку многу работи јас не знам. Колку многу работи јас сум правела погрешно. За колку многу работи јас сум била неинформирана.Колку јас не сум знаела да комуницирам со моето дете.Да го ислушам. Дека не секој плач е плач за доење и прегратка, бидејќи некогаш ни тоа не помагаше. Дека јас буквално морам да почнам од почеток и да ја научам ќерка ми на многу работи. Дека јас сум родителот. Јас сум таа што треба да е тука за неа.
Ема беше на EASY распоредот, зошто тој најмногу и одговараше. Eat, Activity, Sleep, You. Ема не можеше да заспие додека ја доев зошто мораше да подригне. И храната мораше да и се свари во стомакот за да може убаво да спие, така што ова најмногу и одговараше.
Прво започнав со воведување вечерна рутина. Околу 7 јадеше. Во 7:30 бањање. И најдоцна до 8 легнување. На почетокот заспиваше врз мене, до мене на спална и тоа до ден денес знае да трае и се моменти во кои што ушивам и додека траат ќе користам.
Почнав да и воведувам Dream Feed Dream Feed или ноќен подој за неа фунцкионираше одлично зошто ја научи да врзува повеќе од 5 часа.
Dream Feed всушност значи да се нарани детето пред да се разбуди од глад. И пред мајката да си легне. Обично јас и го давав накај 11 часот.На почетокот беше скроз неуспешно. Ема константно спиеше. Па мене ми беше страв да не се разбуди и така натаму. Но со упорност за неколку дена Ема супер се научи и благодарение на тоа почна само два пати да се буди, накај 1 па накај 4 и после во 7. Бебе од 2 месеци.
Е дневното спиење беше она најпроблематичното.
Но почнав и решив да внимавам на тоа колку време е будна. Односно ако за бебе од 2 месеци wake up window е 40 минути, буквално гледав на саат и ја носев во спална да ја заспивам. Секогаш ја замрачував собата, пуштав white noises музика и ја легнував речиси будна во креветче.И ш’шкав, ја галев по главчето, по стомакот и чекав да заспие.Нормално тоа не е баш така лесно. И после неколку минути почнуваше да плаче, но не ја зимав веднаш. Пробував да ја смирам додека лежи во креветчето.Но во моментот кога ќе ескалираше веднаш ја кревав и ја смирував. Дури и подзаспиваше на мене, меѓутоа не целосно, па пак ја враќав назад.Првиот пат тоа траеше 3 часа. И за прв пат во животот Ема спиеше самостално во креветче цели 3 часа.Јас не знаев што да направам со себе. Ама бев пресреќна. И прегорда.
Вториот пат тоа успивање траеше 45 минути.Третиот пат 20 минути.
Понатаму продолжив константно да го правам истото. Да ја смрачувам собата, да и ги пуштам нејзините песни, да ја легнувам скоро будна и на време без исклучок.
Не знам колку кафиња имам жртвувано. Колку пати имам трчано до дома кога и било време за спиење. Колку излегувања и дружења се со цел она да се научи да спие убаво. Она да се наспие убаво. Зошто знам дека најубаво Ема спие дома во нејзиното креветче, и дека и требаше време и тоа да го научи и да го совлада како и се друго.
До ден денес можам да кажам дека Ема спие супер. Од 5ти месец ја преспива целосно вечерта, и дневните спиења и се супер.Нормално, Ема е дете како и секое друго.Има моменти кога не спие добро. Има моменти кога сака исклучиво до мене да спие. Има моменти кога е во скок и се буди по неколку пати во ноќта и морам да ја земам до нас.Има моменти кога никој друг не може да ја заспие сем јас. Но тоа е НАЈНОРМАЛНО за секое дете. Ниеден човек не спие совршено постојано, а поготово не децата кои што од ден за ден толку многу се менуваат и растат. Но благодарение на тие здрави навики можам да кажам Ема има ред и дисциплина за спиење.
Ема не е дете според книга. Јас лично не верувам дека постои дете според книга. Децата се деца. Секое дете е уникатно. Секое дете е посебно.Секое дете е свое, не е мини верзија на родителите. И тоа сметам дека е многу битно да се препознае и да се почитува. Ема во овој случај не беше лош спијач зошто мајка и била лош спијач. Ема како и секое дете е своја. Индивидуална. Личност која што има свои потреби. И јас како родител трена да сум тука за да и ги исполам нејзините потреби, а не да и ги наметнувам моите.
Ема била лош спијач зошто мајка и, јас, не знаела како да ја успие. Не го знаела правилниот начин за своето дете.Ама тоа е скроз најнормално. Ниту еден родител не се родил учен. Ниту еден родител не знае се. Родителот учи парарелно со децата. Родителството е работа на себе.Но многу е битно тоа да го препознаеме и да сфатиме дека тоа што го правиме не фунцкионира за нашите деца, и да се обидеме да најдеме друго решение.
Ако нешто ме научија книгите кои ги прочитав, кои ги препорачувам, тоа е кооолку многу труд и работа морам јас лично да вложам во себе. Колку јас морам да се образувам за еден тон работи се со цел да и помогнам на ќерка ми. Во ниедна книга го нема рецептот за како да го научиш твоето дете да спие, да се разбереме. Но во овие книги конретно ги има фактите зошто е битно детето да легнува рано, зошто е битно детето да спие во темна просторија, зошто е битно детето да има ред и рутина, која стабилност тоа му го дава на детето, која сигурност. Нешто што речиси никој мене лично ми го нема кажано.
За крај би сакала да споделам нешто што вчера ме натера ептен да размислувам. Почнав да ја читам Conscious Parent, книга која што еден тон луѓе ја препорачуваат, и едвај чекам да и навлезам.
Во книгата има еден дел кој гласи вака: (следниот текс е извадок од книгата)”Една од најтешките задачи е да се израсне дете во овој свет како индивидуа.Многумина од нас на ова никогаш не би му пристапиле како што би му пристапиле на бизнис.Пример, замислете да имате наследено компанија во вредност од билион долари. Прво би ја спознале целта и мисијата на оваа компанија. Би си поставиле цели и напорно би работеле на остварување на тие цели. Би се вложиле максимално и ние би напредувале како индивидуи се со цел и компанијата да напредува и расте. Би смислиле стратегии, би ги спознале нашите слабости за да го намалиме нивното влијание. Успехот на компанијата би бил резултат на целата наша стратегија.Имајќи го ова во предвид “Која е нашата цел како родител, Како јас со моите одлуки, моето знаење или незнање манифестирам врзо моето дете. Која е мојата мисија како родител? Дали имам осмислено многу работи, и дали осознавам многу работи како што би осознавала кога би ја водела таа компанија во вредност од билион долари?” Многу од нас родителите не се свесни како влијаеме врз нашите деца, врз нивниот раст и развој. Не е дека не ги правиме работите со љубов или имаме лоша намера, далеку од тоа, но живееме несвесно. Но доколку нашите методи немаат фунцкија врз нашето дете нели тоа значи дека нештата не фунцкионираат?”
Ова барем мене ме натера на големо размислување и преиспитување на самата себе си.И сватив дека доколку јас почнам да го споделувам тоа што јас го имам научено или осознаено дека можеби ќе помогнам некому. Исто како што јас учам и осознавам многу работи од разно разни луѓе тука на инстаграм, сметам дека и јас можам истото да го правам се со цел да продолжи тој круг да се шири. И да се менуваат животи на подобро.
Имајте прекрасен ден