Пред се’ доколку го читате овој пост сакам да ви предложам да ја пуштите следнава плејлиста.
Истава во последно време е постојано вклучена кај нас дома. Поготово за време на утрата кога јас и Ема готвиме заедно. Нешто што го практикуваме во последниов месец и нешто во што јас целосно уживам.
Од This Will Be, My Girl, Ain’t No Mountain High Enough, Stivie Wonder, која од која подобра за играње ?. Како што јас практикувам да кажам, this kitchen is made for dancing. Мислам дека песниве си го прават своето.
Да бидам искрена, јас обожавам да готвам. Готвењето некако мене лично ме опушта. Сметам дека огромна улога игра и фактот дека и Ема ужива да јаде најчесто се’ што ќе спремам и тоа ми дава дополнителна мотивација.
Јас сум човек којшто има сфатено КОЛКУ многу храната игра улога врз целото мое тело и начинот на којшто јас функционирам преку целиот ден. Затоа ми е доста битно да внесувам тоа што му одговара не само на моето тело, туку на целото семејство, и при тоа да ги задоволам сите нутритивни вредности на сите поготово на Ема.
Но од друга страна да бидеме искрени не сакам да поминувам часови во готвење зошто имам и други обврски. И секогаш кога на инстаграм ќе ги видам сите тие прекрасни рецепти, при првата помисла колку многу време мене ќе ми одземе сето тоа веднаш се откажувам.
Сакам традиционални јадења, но и модерни можам да кажам, но клучно ми е да се приготвуваат доста брзо, и за кратко време да имам ручек спремен за целото семејство. Јас сум веќе 8 години вегетаријанец, не јадам воопшто месо. Но за Ема и Дени готвам барем 1 до 2 пати неделно месо, ама можете да забележите многу зеленчуци кај нас во нашата исхрана.
Во овој пост сакам да ви ги претставам нашите најчести јадења во текот на целата недела, зошто ЗНАМ колку некогаш ние жените навистина немаме идеја за што да готвиме, и мислам дека многу време губиме во смислување и планирање, барем јас. Тоа ми создава дополнителен стрес којшто речиси и си го елиминирав целосно, со тоа што си правам неделно мени, и однапред си планирам што се ќе јадеме. Па така и храна искрено многу, многу малку фрламе.
Имам цела епизода на мојот подкаст за тоа, доколку некој сака да ја ислуша повелете линк.
Доручек и вечера
Доручекот најчесто гледам да е доста хранлив и да не’ држи најмногу. Протеини, овошје или зеленук.
Тост со авокадо + некој зеленчук, овесна каша, палачинки од банана ни се тотален хит веќе подолго време, линк до истите тука, јајца во било каква форма, мафини многу често спремам,палента, банана лепчето на Кате, гранолата на Нестровска и нејзините мафини многу често ги спремам.
И најчесно и вечерата е многу слична како и доручекот. Со тоа што гледам да е полесна и побалансирана. Да нема тешки намирници или многу шеќери.
Ручек
Ручекот најчесто е некаква чорба сега во зимскиот период, и главно јадење коешто се состои од некаков зеленчук + месо или риба.
Па така, чорба од брокула со моркови, компири, тиквици, магдонос, лук +.
Чорба од блага тиква со компир, морков, кромид и лук или чорба од зеленчук којшто најчесто го имам дома.
Пире со мелено динстано месо + брокула. Благ компир + брокула + риба. Дали лосос, туна, ослич. Спанаќ, грашок, компир манџа. Ориз со зеленчук печен + месо. Паста некаква, најчесто таа од леќа или наут од ДМ, зошто изобилува со железо. Врапот ни е must барем еднаш неделно. Ова е нешто што го спремам за 10 минути буквално.
Како што можете да видите многу од јадењата се многу типични за нас како поднебје и ни се добро познати на сите.
Некогаш сакам да менувам и да експериментирам и додавам нови јадења, но одам постепено и тоа однапред го планирам од причина да не ми додава дополнителен стрес.
Ужина
Ема најчесто има 1 ужина, откако ќе стане од спиење. За ужина искрено воопшто не се потресувам и гледам што имам дома. Најчесто е смуди зошто обожава Ема, и многу често додавам и зеленчук во смудито и авокадо.
Овошје што го имам дома, јаболко, банана, калинка, киви. Што и да е.
Или неколку пати неделно и’ правам здрав пудинг којшто се прави за 5 минути, пола авокадо, 1 банана, 3 до 4 лажици млеко било какво и 3 до 4 лажици какао и се’ се блендира.
Сметам дека околу храната не треба да се става огромен акцент и премногу да се грижиме ние жените, зошто како што можете да видите со лесни и едноставни рецепти и добра огранизација нашите деца, па и ние, ќе ги примаме сите работи што ни се потребни.
Тањирчињата на Ема се следниве
Линк за румено мало длабоко, зелено длабоко, натур големо со повеќе прегради, розево големо со повеќе прегради.
Имајте прекрасен ден
Поздрав
Мони
Деси says
Мени-ата за на принт и право на фрижидер!
фала ти ??
monikazecblog says
Деси ♡ задоволството е целосно мое
Stefiiiiii says
Многу се радувам што гранолката се најде на мени, дефинитивно еден од подобрите healthy рецепти што треба да ги имаш при рака за брзински ужинки и доручек. Инаку се останато изгледа прекрасно, од храна, до текст и слики. Уживав додека читав.
Праќам љубов за целото ваше семејство ама најмногу за Ема (she is my favvvvv, i love herrrrr ??)
monikazecblog says
леЛЕЕЕЕ ??? Праќаме и ние еден тон љубов назад и уште поголемо БЛАГОДАРАМ за се што правиш. Сега се најде гранолата ама ги има еден тон рецепти твои што ептен ги спремаме. ФАЛА Стефи ?